7-мо Собрание на ОО на ЛДП Битола

7-мо Собрание на ОО на ЛДП Битола

На 24.11.2019 година (недела), во просториите на стариот народен театар во Битола, со почеток во 13:00 часот, се оддржа 7-то годишно изборно Собрание на Општинската организација на ЛДП – Битола.

Пред самиот почеток на Собранието беше одржана и голема трибина под мотото “Размислувај различно“ во присуство на над 450 гости. По завршувањето на трибината, делегатите продолжија со работа предвидена со Дневниот ред за Собранието.

Присутните делегати, меѓу другото, имаа можност да расправаат по предлог-извештајот за работата на Општинската организација помеѓу двете Собранија.

Исто така, расправаа и ги усвоија и предлог-правците за работа на општинската организација во наредниот период.

На 7- то Собрание на Општинската организација на ЛДП Битола, присуствуваа 120 делегати кои гласаа и за нов состав на Општинскиот одбор на Општинската организација кој во престојниот четиригодишен мандат ќе ја води Општинската организација и кој во наредниот период ќе брои 40 члена, како и за нов состав на Надзорниот одбор составен од 5 члена.

Александар Касапов е реизбран за Претседател на ОО на ЛДП Битола .

Дел од атмосферата на Собранието можете да проследите низ фотографиите во прилог.