Во периодот од 27-29 фебруари 2020 година, се одржа седница на Управниот одбор на Либсен, мрежата на либерални партии од земјите на југоисточна Европа (LIBSEEN – Liberal South East European Network).

На седницата на одборот, покрај другото, се разгледаа и усвоија измени на статутот на Либсен, апликациите за членство од страна на 2 нови либерални партии од Р. Србија, а исто така се усвои и резолуција за политичката состојба во Мостар (БиХ) која ќе биде поднесена до Советот на АЛДЕ кој ќе се одржи во мај годинава во Софија (Бугарија).

Во рамките на настанот беше организирана и тркалезна маса со наслов: “Towards a liberal approach to the EU enlargement policy“ на која свое учество зедоа Претседателот на АЛДЕ, г-динот Ханс Бан Баален, Потпретседателот на АЛДЕ, г-динот Илхан Ќочук (истовремено Европратеник и известувач на ЕП за Македонија), Потпретседателот на Либералната интернационала, г-динот Емил Кирјас, Претседателот на Либсен, г-динот Роман Јакиќ како и шефот на преговарачкиот тим на Црна Гора со ЕУ, г-дин Александар Дрљевиќ.

На тркалезната маса се дискутираше за процесот на преговори со ЕУ кои во моментов ги води Црна Гора, но и за можностите и евентуалните препреки кои произлегуваат од новата методологија за преговори која неодамна беше презентирана од страна на Унијата.

Делегација на Либсен беше примена и од страна на Претседателот на Црна Гора, г-динот Мило Ѓукановиќ.

На настанот присуствуваше членот на Извршниот одбор на ЛДП, Дејанчо Цветановски, кој истовремено е член и на Управниот одбор на Либсен.

Галерија

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *