ЛДП не сака да ги коментира одлуките на уставниот суд. Солидарноста не се постигнува со одлуки и наредби, туку таа треба да е доброволен чин за сите поединци. Затоа, функционерите од ЛДП донесоа одлука да бидат солидарни и да ја донираат разликата во платата. На овој начин директно се вклучуваме во помошта на малите бизниси погодени од Ковид-19, се со цел да им се помогне на работодавците во овие тешки времиња да ги задржат вработените.
Ова е скромна помош од наша страна, поттик за сите оние кои може да одделат дел од финансиските средства да се вклучат, а со тоа да покажат солидарност. Треба да бидеме сплотени повеќе од било кога во поддршка на бизнис секторот кој е погоден од пандемијата. Со ова испраќаме порака особено до малите бизниси дека ЛДП е со вас и сакаме да ја пребродите кризата што побрзо.