Генералниот секретар на ЛДП, Боби Мојсоски беше дел од одржанатаедукативната активност „#ИмамСтав!“.

#Имамстав претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието на Република Северна Македонија. На оваа активност, учесниците од ОСУ “Мирко Милески“ работеа во неколку тимови каде се стимулираа да развиваат сопствени ставови во врска со актуелни политички теми, кои ги бранеа со аргументи пред останатите учесници, со цел изнаоѓање на решение кое ќе биде прифатено и поддржано од мнозинството на учесници.

Сето ова со цел приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и нивна поголема вклученост во општествените процеси.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.