Корона-кризата ни покажа дека жените можат и секогаш се во првите борбени редови. Жените веќе не се само домаќинки, туку успешни личности кои подеднакво ги покажуваат и докажуваат своите способности и квалитети.
Деспина Смлковска е млада либерал-демократка која е студент на Медицинскиот факултет и како успешна млада личност секој ден се бори да го даде најдоброто од себе, да го постигне оној резултат за кој се стреми секој ден.
Здравствената криза со која се справува целиот свет само ни го потврди фактот колку жените се влијателни во медицината, колку нивните достигнувања и придонеси спасиле огромен број на човечки животи.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *