Четврток, 15.04.2021
Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП и член на Управниот одбор на ЛИБСЕН, заедно со Емил Кирјас, потпретседател на Либералната Интернационала (Liberal International), присуствуваа на итната седницата на Управниот одбор на ЛИБСЕН, мрежата на либерални партии од Југоисточна Европа (LIBSEEN – Liberal South East European Network), организирана по повод појавувањето на наводниот нон-пејпер доставен до Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел (Charles Michel), од страна на словенечкиот премиер Јанез Јанша.
Иако се шпекулираше дали воопшто е примен таков документ во Европскиот Совет, сепак денес истиот беше објавен.
Според документот, главна цел и главна жртва на предложениот план е Босна и Херцеговина, но исто така не се изоставени ниту останатите држави, вклучително и Македонија.
Едногласно, од страна на сите присутни, беа отфрлени идеите наведени во документот во кој се предлага прекројување на границите на Балканот, потсетувајќи како завршија сите обиди за цртање на нови граници на Балканот во не така далечното минато.
Во наредните сенови ќе се преземат соодветни активности за поголемо алармирање и протесни реакции во врска со предложениот документ на повеќе нивоа.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *