Денес, Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, заедно со потпрестеделот Зоран Шапуриќ и членот на Извршниот одбор Јане Станкоски, учествуваа во акцијата за пошумување со која се одбележа Денот на планетата земја а која се одвиваше во околината на Крушево, поточно на ридовите на историската месност “Слива”.
Голема заинтересираност за акцијата покажаа и жителите на Крушево кои во огромен број присуствуваа и дадоа свој придонес на денешната акција.
Неопходна е строга контрола на сечата на шуми и намерните потпалувања. Надлежните институции поодговорно да ја извршуваат својата должност.
Денот на планетата земја е важен за сите нас, затоа што особено за време на пандемија надлежните утврдија најголеми неправилности со сечење на шумата. Би сакал да упатам апел дека не треба да правиме пакост со шумата затоа што таа се белите дробови на секој од нас. Овој симболичен чин треба да е пример особено за локалните власти и тие треба да ги поттикнуваат граѓаните да се грижат за планетата земја.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *