Викендов, од 4ти до 6ти јуни 2021 година, беше организирана тридневна работилница за јакнење на капацитетите на локалните организации на Либерално демократската партија, преку нивни претставници, на која како гостин предавач беше присутен Омер Бербиќ од Наша странка, Босна и Херцеговина.
На оваа работилница учесниците имаа можност да разменат искуства и да слушнат добри и успешни практики од соседството за планирање, организирање и водење на успешна кампања за локалните избори. Омер Бербиќ е успешен млад политичар од сестринската либерална партија од Босна и Херцеговина кој оствари преголем успех на изминатите локални избори во Босна и Херцеговина.
Воедно, учесниците од оваа работилница го разработија и моделот на отворени листи за локалните избори кои беа претставени како успешна приказна од страна на гостинот предавач а кои всушност престставуваат долгогодишна заложба на Либерално демократската партија.
Ваквиот тип на соработка и размена на искуства дава најдобри резултати во примената на добрите практики и кај нас а истовремено ја подобрува веќе постоечката соработка со соседството.
No comment yet, add your voice below!