Централниот одбор на Либерално-демократската партија на вчерашната седница донесе конечна одлука на следните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција која ќе ја сочинуваат неколку партии и бројни граѓански активисти.
Претседателот на партијата, Горан Милевски, ги информира членовите за подготовките на ЛДП, за претстојните локални избори и преговорите со другите партии со сродни политички програми, како и граѓански организации и непартиски активисти.
„Центарот како проевропска опција е важна за граѓаните, особено на локално ниво да се креираат локалните политики и да се обезбеди подобра иднина на граѓаните, како и економски и социјален развој. На Македонија и треба силна граѓанска понуда на центарот која ќе ја промовираме многу брзо во јавноста“, рече претседател на партијата.

ЛДП го формира и Централниот изборен штаб кој ќе го води потпретседателот на ЛДП, Игор Вељаноски.

„Избоорниот штаб започнува со работа од понеделник кој ќе биде отворен за граѓаните кои може да го кажат своето мислење и да даваат предлози за понатамошните локални политики. Нашите тимови ќе одговорат на сите барања на граѓаните“, истакна Вељаноски.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *