Викендов во Охрид, организација на Либералниот Институт Скопје и Фондација Борис Дивковиќ од Босна и Херцеговина се одржа конфренција на тема „Иницијатива 50% родова еднаквост“, на која присуствуваа 20 жени од Форумот на жени на ЛДП и Наша странка.
Заклучивме дека Либералните партии од Западен Балкан активно работат на развој на програми и стратегии насочени кон спроведување на родова еднаквост на политичката сцена.
Потврдивме дека на овој начин ја зајакнеме регионалната соработка со цел да се унапреди прашањето за родова еднаквост во целиот регион.
Веруваме дека нашата работа и резултатите што ги постигнуваме ќе ги мотивираат другите политички организации да осмислат слични програми за зајакнување на политичкото учество на жените.
Затоа, да креираме и поднесуваме иницијативи, и заедно на терен да работиме на нивна целосна имплементација.
Да зборуваме гласно и да бидеме подготвени да ги разбиеме конзервативните стереотипи на политичкото делување.
Да се охрабриме и да се поддржиме меѓусебно во остварување на предизвиците, но заедно со мажите како сојузници!
No comment yet, add your voice below!