Денес пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски, присутвуваа на презентација на предлог-резолуцијата „за македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и непринципиелните блокади од Бугарија“ од страна на пратеникот на опозициската Вмро-Дпмне, Антонијо Милошовски.

На средбата беше презентиран текстот на резолуцијата, кој веќе е објавен во медиумите, а за нас како пратеници, ваквиот текст е прифатлив меѓутоа ќе доставиме одредени забелешки. Особено реагиравме на делот на употребата на уставното име. Се надеваме дека ќе најдеме заеднички јазик и дека оваа резолуција ќе биде прифатена од страна на сите политички партии затоа што е во интерес на државата и граѓаните да постои усогласување и обединување на парламентот особено кога станува збор за ваквите прашања

На средбата покрај пратениците од редовите на ЛДП, Зајкова и Мојсоски, присуствуваше о пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *