ЛДП ги поддржува барањата на здруженијата на граѓани за организирање на јавна расправа по предлог-законот за управување со отпад.
Предлог – законите за управување со отпад и за управување со пакување и отпад од пакување, обележани со европско знаменце, како дел од европските директиви, беа симнати од дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања.

До пратениците на ЛДП стигна барање од над 30 здруженија за да се одложи второто читање на Законот за управување со отпад и Законот за управување со пакување и отпад од пакување и претходно да се организира јавна расправа по истите.

Апсолутно не станува збор за никакво надгласување. ЛДП, како дел од владејачкото мнозинство, се залагала и организирала јавни расправи со цел да се слушнат мислењата на сите релевантни чинители. Кога животната средина е во прашање сите заедно сме одговорни и тука нема простор за политика.

Како народни претставници мораме да носиме законски одредби кои ќе поминат низ една широка расправа во која ќе бидат опфатени сите засегнати страни. За нас е многу важна заштитата на животната средина и затоа сметаме дека е здраво за демократијата во Собранието да се слушне гласот на екологистите.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *