Изминатиов викенд, во Охрид, Либерално демократската младина го оддржа своето редовно 15-то изборно Собрание.
Во рамките на свечениот дел, пред присутните делегати се обратија претседателот на Либерално демократската партија, Горан Милевски и потпретседателот, Игор Велјаноски, како и Иво Цонев, проектен координатор на Фирдрих Науман фондацијата за југоисточна Европа (Friedrich Naumann Foundation Southeast Europe)
Покрај нив, на свечениот дел од Собранието, преку онлјан врска се вклучија и претседателката на Европската мрежа на млади либерали „Lymec“, Антоанета Асенова и претседателката на Интернационалната федерација на млади либерали „IFLRY“, Аманда Кананџ кои ги поздравија делегатите и ја изкажаа својата поддршка на ЛиДеМ како полноправна членка на овие меѓународни организации.
За време на работниот дел, меѓу другото, делегатите усвоија две декларации и тоа:
„Декларација за младинското учество“
„Декларација за младински економски политики“
Со оглед на карактерот на Собранието, а тоа беше изборно Собрание, делегатите одлучуваа за претседател на ЛиДеМ, односно се одлучинија за реизбор на актуелниот претседател Димитар Ванчов, давајчи му уште еден мандат да ја предводи младинската организација на ЛДП.
Во рамките на Собранието се изврши избор на новиот состав на Централниот одбор на ЛиДем кој по завршување на Собранието ја одржа и првата седнаца на која едногласно беа донесени следните одлуки:
За генерална секретарка на ЛиДеМ беше избрана Теодора Димитровска, додека за потпретседател беше избран Александар Стојановски.
На седницата на ЦО на ЛиДеМ се гласаше и за новиот состав на Извршниот одбор на ЛиДеМ.
No comment yet, add your voice below!