ЛДП прва во јавноста го промовира предлогот за отворени листи на локалните избори и затоа имам обврска да го искоментирам финалниот предлог на големите партии.
Барањето за 3% освоени гласови од вкупниот број на избирачи е апсурд и овој цензус нема да го постигне ниту еден кандидат за советник од било која партија.
Тоа значи, на пример од 85.000 запишани избирачи во Битола некој кандидат од листите мора да добие лично 2.550 гласови за да стани советник.
Оваа бројка е недостижна за било кој кандидат и ваквиот предлог не заслужува ниту да се разгледува. Ова е изигрување и маниупулација на граѓаните дека сме спремни како општество да ги отвориме листите и да им овозможеме на гласачите сами да ги одберат своите советници.
Жалосно е што има во државата затворени партии кои не дозволуваат демократска битка на квалитет и стручност.
Доколку остане ваков предлогот тогаш е беспредметно да дискутираме за модел на отворени листи. Подобро да остане постојниот систем на избор отколку да даваме лажна можност за демократски избор на советници.
ЛДП предлага доколку е потребен праг тогаш тоа да биде 3% од бројот на добиени гласови од листата на конкретна партија. На пример ако партијата добие 10.000 гласови, сите кандидати што освоиле минимум поддршка од 300 гласови може да станат советници. Колку од нив ќе влезат во Совет, ќе зависи од бројот на освоени гласови на партијата.
Доколку гласовите се поделат на сите кандидати од листа за Совет и никој нема над 300 гласови тогаш во Советот ќе влезат кандидатите согласно распоредот направен од предлагачот.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *