Вчеравечер во Битола беше промовирано граѓанското движење на Центарот, кое на претстојните локални избори ќе настапи под мотото “Излези од маглата“, а на кое, меѓу другите, зборуваа Валентин Груевки, претседател на Советот на Општина Битола, и член на Извршниот одбор на ЛДП, Диневска како и лидерите ЛДП – Горан Милевски и на ДОМ – Маја Морачанин.
Сите говорници ги запознаа присутните со своите видувања за состојбите во кои се наоѓа Битола но пред се за иднината на градот, во интерест на граѓаните.
– Горан Милевски посочи дека е потребно Битола да ја водат експерти, талентирани граѓани. Да се искористи знаењето на битолчани, со искуство, кои ќе бидат вклучени во водењето на локалната власт.
Наброи дека на Битола и недостигаат луна парк, затворен базен, пешачки патеки, а тоа се работи кои не може да се направат во еден мандат и затоа ние нудиме визија за Битола за наредните 10 години. Финансиска поддршка на домашните талентирани спортисти и тренери, а не донесени странци, подрршка на локалните музички ѕвезди, а не пензионирани странски пеачи, ред во урбаниот хаос, доволно паркинг простори, модерен клинички центар, смарт сити Битола.
– Маја Морачанин акцентираше дека ова движење ќе биде фокусирано на еколошките планови и обновливи извори на енергија затоа што локалната самоуправа може многу да направи. Локалната самоуправа може да субвенционира, да им се помогне на граѓаните своите објекти да ги направат енергетски ефикасни
– Валентин Груевски: “…Последните малку повече од три месеци ни претстои голема битка во која треба да им се спротиставиме на двата политички блока, а наша обврска е да понудиме алтернатива. За да се спротиставиме ќе ни траба храбрости, идеи, возија, знаења. Им даваме подадена рака на сите кои сакаат да бидат со нас. Ние не сакаме да му помогнема на ВМРО да се врати на власт, ние сакаме да си помогнема сами на себе, на граѓаните, а за нашето владеење не може никој ништо да ни забележи…“
– Диневска истакна дека ако сакаме ова парче земја да го направиме подобро место за живеење за нас и нашите идни генерации треба да делуваме така што да преземеме вистиски потези.
Ова е само дел од она што говорниците го презентираа како визија која ја нуди новото граѓанско движење на центарот.
No comment yet, add your voice below!