19 април 1997 година, формирана е Либерално-демократската партија на обединувачкото Собрание, на Либералната партија на Стојан Андов и на Демократската партија на Петар Гошев, со што се формира денешниот политички субјект – ЛДП.
25 години опстојуваме на политичката сцена, борејќи се за либералните и европските вредности, за подобар живот на сите граѓани.
Членки сме на сите либерални меѓународни организации на локално, европско и светско ниво.
Честитки и благодарност до сите основачи, за нивната визија и желба за промени во општеството.
Честитки до сите денешни членови и поддржувачи, за нивната истрајност и упорност, за негувањето на либералните вредности и политики во Македонија, за нивниот вложен труд и време за промовирање и афирмирање на нашите вредности.
Продолжуваме обединети и посилни да се соочуваме со новите предизвици.
Среќен роденден ЛДП!
No comment yet, add your voice below!