Вчера (04.05.2022), во Официрскиот дом во Битола, се одржа 8-то Собрание на Општинската организација на Либерално-демократската партија – Битола.
Ова Собрание беше редовно изборно Собрание на кое членовите избраа ново раководство кое ќе ги води во наредниот четиригодишен мандат. За нов претседател на битолските либерал-демократи избран е Горан Пинза кој во своето обраќање, меѓу другото, истакна:
„Она за кое се борам и верувам дека треба да се промени, ќе се обидам да го остварам со помош на овие луѓе кои ми дадоа безрезервна поддршка. Ќе се промовираме со дела и реализации, а не со популизам и селфи фотографии. Благодарност за довербата, предлогот и изборот“.
Пинза на последните локални избори беше кандидат за советник на листата на коалицијата на ЛДП и ДОМ а доаѓа на местото на Александар Касапов, досегашен претседател на ЛДП-Битола, на кого Либерално-демократската партија му изразува огромна благодарност за ангажманот кој го имаше во изминатиот мандат предводејќи ја Општинската организација.
Покрај нов претседател избран делегатите на Собранието избраа и нов Општински одбор.
На Собранието свое обраќање имаше и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, кој се осврна и на општествените и политичките состојби во државата.
No comment yet, add your voice below!