Изминатиов викенд, во Сараево (БиХ), како член на Управниот одбор на ЛИБСЕЕН (Liberal South East European Network), имав можност, а секако и чест, да присуствувам на конференцијата под мотото: “Европа 2030: Либерални идеи за иднината на проширувањето”, организирана од страна на LIBSEEN и ALDE (ALDE Party – Liberals and Democrats for Europe) а чиј домаќин беше Наша странка (Naša stranka), либералната партија од БиХ.
Се дискутираше за процесот на интеграција на земјите од регионот во ЕУ гледано од аспект и на земјите аспиранти за членство, но и оние кои се веќе се дел од европското семејство, односно за очекувањата но и за пречките кои ни стојат на патот.
На конференцијата присуствуваа претставници на либералните партии од регионот меѓу кои и Ilhan Kyuchyuk, пратеник во европскиот парламент и известувач за Македоноја, потоа Roman Jakič, претседавач на Либсеен, Daniel Berg, потпретседател на АЛДЕ, Emil Kirjas, потпретседател на Liberal International, преставници на VVD, владеачката партија од Холандија, бројни парламентарци и тн.
Уште еднаш од страна на либералното семејство беше изразена безрезервна поддршка за решавање на безсмислениот спор помеѓу Македонија и Бугарија а со тоа и за отпочнуваање на интегративниот процес на Македонија во ЕУ.
.
No comment yet, add your voice below!