Потпретседателката на ЛДП и пратеник во републичкото Собрание, Моника Зајкова, беше дел од состанокот на Сојуз на Средношколци на РСМ – Unioni i Nxënësve të Shkollave të Mesme со Премиерот Димитар Ковачевски:
✔️ Директно вклучување на средношколците во стручната работна група при МОН која го подготвува новиот Закон за средното образование;
✔️ Адаптирање на претстојната државна матура со оглед на новонастаната состојба во образованието (продолжен рок за полагање на проектните задачи до 16.05.2022г.);
✔️ Дополнителна испитна сесија на крајот на јуни за оние матуранти спречени да полагаат поради КОВИД-19;
✔️ Информација за Предлог – измените и дополнувањата на законот за средно образование кои се однесуваат на бесплатниот јавен превоз за сите средношколци, и за државните и за приватните училишта, со регулирање на условите за користење во летниот период од страна на оние ученици кои имаат пракса;
✔️ Презентација на иницијативата „Лидер/ка на училиште, лидер/ка во иднината“, која ќе воведе средношколска демократија во сите училишта;
Секогаш на страната на младите.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *