Денес во просториите на Либерално Демократска Партија ЛДП се одржа работен состанок на кој присуствуваа претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, членовите на работната група за родова еднаквост од ЛДП, Билјана Аврамоска Ѓореска и Игор Вељаноски, со преставничките од Националниот демократски институт (НДИ), програмската директорка Александра Цветковска и вишaта програмска менаџерка, Ана Ангеловска.
На состанокот разговаравме за активностите во рамките на проектот WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените, кој се реализира со финансиска поддршка од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA) и Националниот демократски институт (НДИ).
Заклучивме дека поповолно опкружување за политичкото учество на жените би дало придонес за севкупната родова еднаквост и би ја зголемило веројатноста за поголем број жени да се одлучат да учествуваат во политичкиот живот.
На средбата се договоривме и за продолжување и зајакнување на одличната соработка која е од заеднички интерес.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *