Во рамки на есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ по однос на темата: „ Војната во Украина: улогата на ОБСЕ и националните парламенти како одговор на конфликтот, човековите права и идната обнова“, нагласив дека главна алатка за обезбедување заштита на основните права и слободи претставува постојниот мултилатерален систем, вклучувајќи го и ОБСЕ, како најголемата регионална безбедносна организација во светот.
При посетата на Украина имав можност лично да сведочам на злосторствата кои зад себе ги остава агресорот. Посакувам што е можно побрзо завршување на војната, но и поднесување одговорност на извршителите на воени злосторства, одговорност за жените-жртви на насилство, поддршка на украинските бегалци и помош во идната обнова на земјата.
За жал не можеме со ништо да ги вратиме загубените човечки животи.
Целта на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година е враќање на дијалогот и иницирање процеси кои ќе бидат фокусирани врз граѓаните на земјите учеснички, особено оние на кои им е потребна поддршка.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *