Либерално-демократската партија останува доследна на својата заложба истакната во нашата резолуција, која АЛДЕ ја усвои викендов на Советот во Братислава. Со оваа резолуција бараме целосно укинување на роамингот час поскоро, односно започнувајќи од јануари 2023 година, со што нашите граѓани ќе ги уживаат истите бенефити како граѓаните од ЕУ.
Бесплатната роаминг зона ќе ја подобри мобилноста, соработката, регионалниот развој, интеграцијата за речиси 18 милиони граѓани и претставува “отскочна штица“ во дигиталната трансформација на регионот.
Ова е значаен чекор на Западен Балкан во усогласувањето со принципите и практиките на единствениот дигитален пазар на ЕУ.
Го поздравуваме денешниот договор за пониски цени во роаминг потпишан меѓу земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ, што е уште една силна потврда дека ЕУ не е целосна без регионот. Со овој договор, од денес го зголемуваме степенот на поврзаност со земјите од ЕУ и истиот е голема придобивка за граѓаните, која директно ќе се одрази врз нивните секојдневни животи.
Упатуваме отворена понуда до Владата, заеднички да работиме и лобираме заедно во Европската Унија и со нашите европски партнери, за доброто на граѓаните, бизнисите и нивниот буџет.
No comment yet, add your voice below!