Европската интеграција на Македонија, актуелните политички случувања и меѓународните активности на ЛДП во промовирањето на либералните политики, беа темите на конструктивниот разговор што ги имав денеска со претседстелката на Групата за пријателство Франција-Македонија во Националното собрание на Република Франција Лилиана Танги, претседателот на LIBSEEN Роман Јакиќ и Емил Киријас, потпретседател на Либералната интернационала и основач на Киријас Глобал.
Танги ја изрази својата поддршка за интеграцијата на нашата земја во ЕУ и ги пофали континуираните напори на ЛДП за постигнување на оваа цел. Говоревме за реформите во оние области кои се важни за земјава да има исчекор напред, како што се правосудството и образованието истакнувајќи ја потребата за опиплив напредок.
Како активна членка на АЛДЕ, ја потврдивме нашата посветеност да се залагаме за либерални и демократски политики и вредности во Македонија, стремејќи се да создадеме подобра европска иднина за секој наш граѓанин.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *