16-ти Конгрес на Либерално-демoкратската младина „ЛИДЕМ“, 06 Maj 2023
Честитки за новото раководство на ЛИДЕМ, за претседателка е изгласана Јелена Мишиќ и за генерален секретар Саше Јаневски.
ЛИДЕМ ги изгласаа и Декларациите: „Реформи во образованието“, „Дигитализација и „Корупција“.
Нивната визија е подобро образование, почитување на правата на младите и активна борба против булингот.
За ЛИДЕМ е значајно младинското учество но и социјалното претприемништво како начин за подобрување на Македонија.
ЛИДЕМ ќе продолжат да ги поддржуваат и да инвестираат во иницијативи кои ќе подобрат условите за младите луѓе и кои ќе ги охрабруваат да станат активни учесници во земјава.
Обединети, храбри и гласни и сите заедно да градиме политики за подобар стандард на младите, подобар животен стандард на сите граѓани, за земјава да стане европска држава која ќе се движи либерално кон ЕУ.
No comment yet, add your voice below!