Патот кон интеграција во Европската Унија е преку директен и проактивен пристап во кој мора да покажеме непоколеблива посветеност и сите активно да се вклучиме во процесот на отворен дијалог, бидејќи клучот е во наши раце, беше заклучокот на денешната средба која претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, ја имаше со Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, одржана во седиштето на Либерално-демократската партија.
Додека тргнуваме по овој трансформативен пат, трпението, решителноста и колективниот напор се нашите водечки принципи.
Како либерал-демократи остануваме посветени на вредностите и принципите кои ги негува Европската унија.
Со почитување на највисоките стандарди на демократија, човекови права и владеење на правото, можеме да се позиционираме како рамноправни партнери во рамките на европската заедница и реципрочни со европслите граѓани.
Повикуваме на разум и обединост по однос на одлуките кои ќе го трасираат патот на државата и генерациите.
Користиме колачиња (cookies) кои не содржат лични податоци, за да го подобриме Вашето корисничко искуство, да ги извршиме Вашите нагодувања, да анализираме интернет сообраќај и подобро да ја заштитиме нашата интернет страна. Продолжете со користење и прифатете ги сите доколку се согласувате со начинот на употреба на колачиња.Прифатете
No comment yet, add your voice below!