“Поднесен предлог-закон за платни системи од страна на ЛДП, Левица и ДОМ”
Граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките, сведоци се на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекувањето пари од друга банка, доколку е различна од банката депонент на граѓаните.
Предлог-законот, кој беше поднесен во Собранието, и веќе е ставен на дневен ред на 120-тата седница предвидува значително намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии. На тој начин се намалуваат и месечните издатоци на граѓаните со што се чекори поблиску кон поправедна финансиска иднина за сите.
Свесни сме дека иако овие провизии се дел од интерната политика на банките, со кои тие остваруваат профит. Но кога ќе ги погледнеме неверојатните профитни маржи во банкарскиот сектор, очигледно е дека овие институции тоа го прават и на сметка на граѓаните.
Со предложениот закон не се обезбедува само финансиска праведност, туку и поправедно и урамнотежено општество во целост.
Во нашиот стремеж за правична финансиска иднина за сите граѓани, ги повикуваме и останатите пратеници и партии да ја дадат својата поддршка на овој предлог-закон.
No comment yet, add your voice below!