Одговорноста за злоупотребите на Онкологија има име и презиме
Изразуваме голема загриженост во однос на вознемирувачките информации изнесени во медиумите за препродажбата на лекови и оставање на болните од карцином без терапија на Клиниката за онкологија и радиотерапија, откако МВР и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје влегоа во оваа здравствена установа за да направат претрес во рамки на предистражната постапка поврзана со одземањето на терапиите за болни од рак и продавање на црниот пазар од страна на вработени во Клиниката.
Злоупотребите за кои слушаме се пораз на општествениот систем и значат повреда на правата на пациентите, но и непочитување на основните етички принципи во вршење на здравствената дејност, како и прекршување на основното човеково право на живот.

Либерално-Демократската партија ги охрабрува засегнатите институции внимателно и транспарентно да ја водат истрагата, односно да не дозволат повторно да сведочиме на немање одговорност и прикривање на вистинските факти. Оние кои правеле злоупотреби со цитостатици и ги ставиле во опасност човечките животи, треба да одговараат и да го знаеме нивното име и презиме, час поскоро.

Секој од нас може да се најде во состојба да му е неопходна терапија за да си го продолжи животот. Недозволиво е повеќе да ни умираат децата, родителите, за некој неовластено да стекнува финансии. Секој човек е важен и има еднакво право на соодветен третман. Затоа повикуваме и на морална одговорност на менаџментот на Клиниката и кривична одговорност и јавно објавување на сторителите. Потребна е итна реорганизација на здравствениот систем и поставување на систем на индивидуална одговорност.
My даваме поддршка на Јавното обвинителство и другите органи и очекуваме што поскоро да се расчистат сомнежите, како и да се споделат со јавноста точни информации за тоа што се случувало на Клиниката за онкологија која е единствена здравствена установа од ваков тип и таму се лекуваат најголем број пациенти болни од рак.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *