И повторно еден обичен дожд за Гази Баба значи елементарна непогода. Општината предводена од Бобан Стефковски и ВМРО ДПМНЕ потфрли и денес!

На регионалниот пат од Стајковци до Раштак и самите може да се уверите дека не се способни да направат рехабилитација на патот поради градежни активности.
Од она што може да се затекне, региолниот пат Стајковци – Раштак е во прекин и не се сообраќаат возила ниту автобусите на ЈСП.
Тоа значи дека дождот кој започна од утрово ги остави без пат, превоз, дотур на храна и пристапот на брзата помош на населените места Црешево, Смилковци, Виниче, Булачани и Раштак.
Ова претставува тотален дебакал на градоначалникот Бобан и ДПМНЕ.
Ова не е елементарна непогода, туку непогода за општина Гази Баба со владеењето на ваков градоначалник.
СекојЕВажен

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *