Меѓународниот секретар на Либерално демократската партија, Емир Ќориќ беше дел од тркалезната маса со лидери и претставници на либералните партии од Западен Балкан која ја организираше политичката група „Renew Еurope“ во Европарламентот .
На состаноците се дискутираше за политичките состојби во Европа, Извештајот на ЕУ за Западен Балкан, за пакет-планот за помош за земјите од Западен Балкан како и за претстојните Европски избори.
Ќориќ оствари средби со повеќе европратеници, еврокомесари и високи претставници на ЕУ кои изразија поддршка за брзо членство на земјите од Западен балкан во ЕУ.
Пораката на „Renew Еurope “е јасна, местото на Западен Балкан е во ЕУ”.
Користиме колачиња (cookies) кои не содржат лични податоци, за да го подобриме Вашето корисничко искуство, да ги извршиме Вашите нагодувања, да анализираме интернет сообраќај и подобро да ја заштитиме нашата интернет страна. Продолжете со користење и прифатете ги сите доколку се согласувате со начинот на употреба на колачиња.Прифатете
No comment yet, add your voice below!