ЛДП-Прилеп заедно со генералниот секретар и пратеник Боби Мојсоски и потпретседателот на партијата Валентин Груевски денеска во Прилеп посетија десетина социјално загрозени семејства и на истите им поделија хуманитарни пакети.
Оваа акција е продолжение на акцијата #СекојЕВажен, а прилепските либералдемократи овој пат решија наместо икебани и цвеќиња за секој празник парите да ги потрошат за помош на сиромашни семејства.
Радоста за доделената помош и благодарноста за покажаното внимание беше видливо кај сите фамилии.
.
No comment yet, add your voice below!