Среќен Меѓународен ден на студентите! Во ерата на глобализација, на дигитална хуманистика и на експлозивниот наплив од информации, академските студии се упориштето што го овозможува комплексниот и долготраен процес на доаѓање до знаењето – но секогаш низ критичко мислење, низ полилошките филтри на дебатата, низ постојано преиспитување, низ интердисциплинарното вкрстување на знаењата, низ контекстуализација на феномените што ги проучуваат. Тоа треба да бидат студентските очекувања, но и нивниот влог во академското образование.
Вие треба да ги уривате бариерите, да иницирате промени и да создадете иднина во која ќе се слуша сечиј глас!

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *