📢Политичарките се соочуваат со вербално насилство најмногу и на социјалните мрежи
🗣️Мислам дека секоја од нас се соочила со вербално родово-базирано насилство и закани. Веројатно тоа е така затоа што сеуште поважен е физичкиот изглед и да ви поделат разно разни негативни епитети, иако не ве познаваат, отколку да прифатат дека имате знаење и способност и да дадат шанса да ве слушнат што говорите.
👀 Сме сведочеле на сексистички зборови и во самото Собрание. Се соочуваме со вербално насилство најмногу и на социјалните мрежи. Да вратиме наназад во минатото и колку сексистички и родово дискриминирачки споредби доаѓале од прес-конференции на политички партии.
✍️ Имав поднесено претставка за дискриминација заснована на пол која во тоа време Даштевски ја отфрли. Има и портпарол на политичка партија на кој постојано мета му се само жените и негативности кон истите. Има и политичка партија која иако во своите редови има жени не бира какви се зборови шири за жените од други политички партии само да ја наруши нивната чест и углед со нискости наместо да се бори со политики и решенија.
.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *