Согласно стратешките определби на државата, одлучивме на следните избори партијата да биде дел од Европска коалиција.
За Република Северна Македонија не постои друг пат освен брзо приклучување кон европското семејство.
Од таа причина, како партија постојано работиме во интерес на граѓаните.
Ова се заклучоците кои вечерва ги донесоа членовите на Извршниот одбор на партијата.
На седницата на ИО, за шеф на Централниот изборен штаб на ЛДП, е предложен генералниот секретар Боби Мојсоски.
Се формираше и група за програмски преговори во рамки на претстојната Коалиција, што е предводена од потпретседателот Валентин Груевски, претседателката на Форумот на жени – Билјана Аврамоска Ѓореска, претседателката на ЛиДеМ – Јелена Мишиќ и член на ИО – Горан Петрушев.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *