Секој граѓанин заслужува пензионерските денови да ги помине среќен, од таа причина како партија постојано се залагаме за креирање на политики кои системски ќе им го подобрат стандардот на пензионерите.
👥Ни претставува задоволство што денеска предновогодишно, претседателката на ЛДП Моника Зајкова заедно со дел од сопартијците го посетија Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово.
🗣️Со старите лица во Домот отворено зборуваа за тоа како ги уживаат пензионерските денови.
🔵Тие се осврнаа на предизвиците со кои се соочуваат како пензионери, како и на потребата за изградба на повеќе домови од таков тип, осврнувајќи се на демографската состојба во државата и дадоа предлози за тоа како државата може да помогне за олеснување на нивното секојдневие.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *