Имаме одговорност како политичари сите да учествуваме во изборот на техничката влада која има за цел да го гарантира успехот на изборите.
Неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да се воздржи од гласање за техничката влада и да говори дека истата нема да има легитимитет.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги гласа министрите што сами ги предлагаат зашто ние би ги гласале истите?
До кого тие ќе ги предложат своите министри ако тврдат дека техничкиот премиер нема легитимитет?
Нелогично е другите политички партии како и ЛДП да им дадат поддршка на нивните министри кога тие самите велат дека нема да си ги поддржат предлозите кои ги даваат.
Потсетуваме дека со игрите кои ги води ВМРО- ДПМНЕ самите свесно го доведуваат во прашање целиот процес на избори.
Несериозни се изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тоа не е потег на партија која и мисли добро на државата.
Користиме колачиња (cookies) кои не содржат лични податоци, за да го подобриме Вашето корисничко искуство, да ги извршиме Вашите нагодувања, да анализираме интернет сообраќај и подобро да ја заштитиме нашата интернет страна. Продолжете со користење и прифатете ги сите доколку се согласувате со начинот на употреба на колачиња.Прифатете
No comment yet, add your voice below!