2023 година е година во која што потврдивме дека секој граѓанин ни е важен.
Рамномерниот, оддржлив и инклузивен развој е приоритет на оваа Влада кој што во целост кореспондира со клучните развојни принципи на Европската Унија.
Министерството за локална самоуправа заедно со швајцарската Влада финансиравме дополнителни 3 милиони eвра за проекти во сите осум плански региони.
Го заокружуваме и вториот ИПА Програмски период во кој што преку петте ИПА Програми за прекугранична соработка се финансирани 192 проекти во вредност од 60 милиони евра, средства од Европската Унија. Кофинансирањето од 9 милиони евра е обезбедено од буџетот на државата.
Министерството за локална самоуправа, заедно со Бирото за регионален развој, со поддршка на шведската Влада и УНДП во првата фаза обезбеди 1 милион и сега во втората фаза уште 1.5 милиони долари и веќе е исфинансирана проектна документација за 70 локални инфраструктурни проекти, со што општините аплицираат за буџетски средства, но и за проекти од ЕУ, од Светска Банка и од други извори.
Дополнително, Владата обезбеди 32,5 милиони евра со кои што 2024 година ќе се финансираат 66 готови проекти во 44 општини.
.
Гледајте го панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“, на кој говорник е министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
Македонски јазик: https://youtube.com/live/KrcHiE9X2so?feature=share
Албански јазик: https://youtube.com/live/G8n5sZLO5gI?feature=share
Англиски јазик: https://youtube.com/live/soX-rlWFJB0?feature=share
Конференција „Година на европски можности“ во организација на Владата на Република Северна Македонија.
Александар Палас
.
No comment yet, add your voice below!