Во чест на 152 година од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев делегација на Либерално-демократска партија положи цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата Св. Спас во Скопје.
Идеалите на големиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се разбран аманет и патоказ за политиките кои треба да ги води државата.
Пораките за единство и сплотеност се подеднакво актуелни и денес и се света обврска за секого, додека ја градиме Република Северна Македонија за сите граѓани и ја интегрираме, по најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, што е веќе реалност и како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, во семејството на европски народи и држави, порачуваат од партијата.
Чествувањето почна со панихида на која присуствува членовите на извршниот одбор на партијата Цветанка Геговска Ивица и Тодоровски како и секретарот на градската организација Влатко Неделковски.
.
No comment yet, add your voice below!