Делегација на ЛДП предводена од генералниот секретар Боби Мојсоски, во која учествуваа членот на извршниот одбор Дејанчо Цветановски и меѓународниот секретар Емир Ќориќ, присуствуваа на XI изборната конференција на сестринската либерална партија “Движење за права и слободи – ДПС”, во Софија, Бугарија.
Во рамки на конференцијата претставниците на ЛДП остварија средби со пратеничката група на ДПС, како и со ко-претседателот на Европската либерална партија АЛДЕ, претседателката на Либералната Интернационала и претставници на сестринските партии присутни на конференцијата.
.
No comment yet, add your voice below!