Либерално-демократската партија остро го осудува убиството на лекарот што се случило на паркингот на Поликлиниката „Железара“, трагедија која предизвика силна вознемиреност во целата заедница.

Изразуваме сочувство до семејството и блиските на докторот. Загубата на живот, особено на таков насилен начин, е трагична за целиот здравствен систем и за целата заедница.

Ниту еден вид на насилство не може и не смее да се толерира. Насилството не е начин за решавање на проблемите затоа јавно бараме од надлежните институции да го расветлат овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за идентификација и санкционирање на сторителот.

Сѐ почестите напади и закани кон здравствените работници се загрижувачки и затоа апелираме на нивна институционална заштита

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *