ДА за воведување медикаментозниот абортус.
Регистрирање на лековите со кои тој се врши и нивно вметнување на Позитивната листа на лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување – е пораката од панел дискусијата „Што треба да знаеме за медикаментозниот абортус“ која се одржа вечерва во новата Отворена канцеларија на ЛДП во срцето на Скопје.
На овој панел имавме можност да чуеме стручно мислење од ценетиот гинеколог проф. д-р Горан Димитров, м-р Цветанка Геговска и д-р Деспина Смилковска, модерирана од страна на претседателката на Форум на жени во партијата Билјана Аврамоска Ѓореска.
Репродуктивната слобода е клучна за самоопределување на секоја девојка и жена и нејзино еднакво учество во општеството.
Едукацијата за сексуалното и репродуктивното здравје треба да биде приоритет на државата затоа што #СекојаЕВажна
.
No comment yet, add your voice below!