Вечерва од Сопиште испратив јасна порака!
Ние сме коалиција која работи за народот и за неговите интереси, ние ги признаваме и своите грешки и слабости и се стремиме да бидеме подобри, ние ги слушаме потребите на народот.
Ние јасно кажуваме од Европскиот пат не се откажуваме, ќе ги завршиме преговорите со ЕУ до 2028 година и членство во 2030 година како македонци, со македонски јазик и загарантиран македонски идентитет.
На полето на кое можевме повеќе, нема повеќе отстапки. Ќе има правда еднакво за сите, ние не ги делиме луѓето на наши и ваши и затоа ќе има нулта толеранција за корупцијата затоа што #СекојЕВажен
No comment yet, add your voice below!