⚖️Правосудството може да си признаеме дека ни беше областа каде најмногу потфрливме што поради дел од блокадите коишто се случуваа во Собранието од страна на опозициската партија, што поради можеби оставање на работите да течат така, но добро е што се усвоени оние 40 препораки од оценската мисија, тоа е многу важно за ЛДП и прочистувањето на правосудниот систем, но и ветингот на политичарите што за мене особено значи.
Се согласувам со она што го говори кандидатот за претседател Стево Пендаровски дека ветингот на политичарите треба да започне од деведесеттите години кога се формирала државата затоа што всушност тогаш се правени најголемите злоупотреби на државниот буџет и распределбата на капиталот во државата и слободно кажувам нека почне од мене затоа што јас немам никаков товар по однос на овие прашања.
🗣️ Избор на претседател на државата во Собрание со двотретинско мнозинство е сериозна тема која бара поширока дискусија и НЕ е тема којашто треба да се користи како тема за уцени во изборите и истата треба да се разговара од аспект дека има се помала излезност, дали реално може да се оствари цензусот и дали реално се потребни толкави трошоци за избор на претседател.
Меѓутоа, пак ќе кажам, НЕ под вакви околности кои некој ги користи за да може да предизвика повторно состојба на договарања, поткусурувања, уцени и слично.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *