Делегација на Либерално-демократската партија (ЛДП), во состав од Филип Јакимовски, координатор на Градската организација на ЛДП во Скопје, Билјана Сребревска, претседателка на ОО Ѓорче Петров и Ивица Тодоровски, член на Извршниот одбор на ЛДП, денеска положи свежо цвеќе по повод 122 годишнината од смртта на Гоце Делчев.
Денешниот настан, кој се одржа во црквата „Св. Спас“ во Скопје, на гробот на еден од најголемите македонски револуционери и преродбеници, Гоце Делчев, е уште еден потсетник на големината и важноста на ликот и делото на Делчев.
На нас останува да го почитуваме, да го негуваме и да се придржуваме до сето она за што Гоце Делчев зборува и твори целиот свој живот: слободна, независна и демократска Македонија, земја која не прави поделби, туку напротив – обединува.
Вечна му слава!
No comment yet, add your voice below!