Close

Либерално Демократска Партија

Author: Dejancho Cvetanovski

ЛДП на Конференцијата “No Democracy Without accountability” во Брисел

ЛДП на Конференцијата “No Democracy Without accountability” во Брисел

Во периодот од 16 до 19 Септември 2019 год., членот на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија, г-динот Дејанчо Цветановски, оствари работна посета на Брисел, Белгија.

Во рамките на посетата присуствуваше на Регионалната Академија на Експерти, организирана од страна на ЕНОП-Европската мрежа на политички фондации (ENOP-European Network of Political Foundations), Регионалната канцеларија за ЈИЕ на НДИ-Национален Демократски Институт (NDI-National Democratic Institute) и ЕЛФ-Европски Либерален Форум (European Liberal Forum) на која се разгледуваа идни можности за зајакнување на интегритетот на политичките партии, вклучително и на Либерално-демократската партија.

На маргините на академијата, беа остварени средби со претставници на ЕНОП, НДИ и ЕЛФ на кои беа договорени конкретни чекори за нивна идна соработка со ЛДП

На 17.09, г-динот Цветановски присуствуваше на конференцијата “No Democracy Without accountability” организирана по повод одбележувањето на меѓународниот ден на демократијата, која се одржа во Европскиот Комитет на Региони при Европската унија (European Committee of the Regions).

Исто така, од страна на г-дин Цветановски, беше остварена посета и на седиштето на АЛДЕ-Алијансата на Либерали и Демократи за Европа (ALDE – Alliance of Liberals and Democrats for Europa) каде оствари средба со г-динот Ендрју Бургес (Andrew Burgess), политички советник на Претседателот на АЛДЕ, г-динот Ханс Ван Бален (Hans Van Baalen).

На средбата, меѓу другото, беше разговарано за големиот успех кој АЛДЕ го оствари на неодамнешните Европски избори, кога речиси двојно го зголеми бројот на пратеници во Европскиот парламент. Притоа, од страна на г-динот Цветановски, беа пренесени честитки за остварениот изборен резултат од Претседателот на ЛДП, г-динот Горан Милевски.

Исто така, беше разговарано за продолжување и продлабочување на успешната соработка помеѓу ЛДП и АЛДЕ, како и за претстојниот Конгрес на АЛДЕ закажан за крајот на Октомври оваа година, во Атина, Република Грција, на кој ЛДП ќе присуствува со своја делегација.

На средбата пак што ја имаше со Балинт Геваи(Bàlint GYEVAI) – Генерален Секретар на Лајмек- младите европски либерали (LYMEC – European Liberal Youth), г-динот Цветановски се запозна со подготовките за нивниот следен Конгрес кој ќе се одржи наредната пролет во Скопје , каде како коорганизатор и домаќин ќе биде Либерално-демократската младина ЛиДеМ.

Договор за меѓународна соработка помеѓу Либералниот Институт, Фондација Борис Дивкович и Интернационалната Шведска Фондација

Договор за меѓународна соработка помеѓу Либералниот Институт, Фондација Борис Дивкович и Интернационалната Шведска Фондација

Денеска канцеларијата на ЛДП ја посети Ади Шкаљич, претставник на Фондацијата Борис Дивкович од Р. Босна и Херцеговина.
Целта на посетата е подготвување и потпишување на договор за меѓународна соработка помеѓу Либералниот Институт, Фондација Борис Дивкович и Интернационалната Шведска Фондација за финансирање на активности во земјата и регионот со цел промиција на Либералната идеја, пред се помеѓу младите.
Договорот ќе биде потпишан од страна на Извршната директорка на Институтот и член на Извршниот одбор на ЛиДеМ- Санда Крекиќ.

Груевски: Не може Копанки да е приватен објект

Груевски: Не може Копанки да е приватен објект

Денеска на прес конференција во општината, претседателот на Советот Валентин Груевски рече дека граѓаните на Општина Битола имаат право да ја знаат вистината за Копанки и имаат право да знаат што се случувало во минатото, но, како што рече  без лаги, без конструкции, без извртувања на тезите.

„Копанки во овој момент, до правосилноста на решението е приватен објект, сопственост на здружение на граѓани, во кое здружение, можете да станете член само ако Ви дозволат од здружението, бидејќи така пишува во нивниот статут.
ПСК Пелистер станал СОПСТВЕНИК на Копанки во 2016, кога сопственоста му била впишана во Централниот регистар и во Катастарот. Значи, Копанки е нивно, тие се сопственици на објектот, не се корисници, не се закупци, не одржувачи на објектот, туку сопственици.
Дали е исправно, законски, морално, етички Копанки да биде приватен објект. Според мене не е, и не треба да дозволиме да биде така.

На вчерашната прес конференција, координаторот на ВМРО ДПМНЕ, отворено застана на страната на неправдата, и користејќи неколку лаги, проба да ја изманипулира јавноста.

Неговата изјава дека во минатиот состав сум гласал да му го препишиме Копанки на ПСК Пелистер е чиста манипулација, и јас во најмала рака очекувам и барам јавно извинување.

Во минатото, три пати сме гласале на оваа тема. Првиот пат, веднаш по опожарувањето, кога побаравме еден милион денари од советот, ВМРО ДПМНЕ гласаше против, втор пат кога изградбата на Копанки ја ослободивме од плаќање на комуналии, кога Копанки беше далеку од приватизација, и трет пат во овој совет кога јасно и гласно кажавме дека сме спремни да одвоиме 100.000 евра за негова реконструкција, ама ако имаме чисти должничко доверителски односи.

За приватизација на Копанки немаме гласано, ниту пак Советот имал и има таква надлежност.
На крајот да ги демантирам конструкциите со кои се плашат граѓаните.
Копанки во овој момент е приватизиран, ние немаме намера да го приватизираме.
Имаме да намера брзо да го изградиме и да остане планинарски дом.
Имаме намера веднаш по завршување на постапката да го побараме од државата и да стане општински.
Имаме намера цените во него да бидат пристојни и достапни за сите граѓани“ рече претседателот на Советот Валентин Груевски.

Евролибералите одлучно за почеток на преговори со Република Северна Македонија до крајот на годината

Евролибералите одлучно за почеток на преговори со Република Северна Македонија до крајот на годината

,,Успесите во решавањето на проблемите со соседите имаат далекусежни последици. Сите ние, вклучително и нашите партнери од Франција од партијата на претседателот Макрон, тоа мора да го поддржиме и да го испорачаме ветеното за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на оваа година. Ќе разговараме со сите ова да се гарантира.” Тоа беше заклучокот на претседателот на АЛДЕ Ханс ван Бален, од владеачката холандска Либерална партија на премиерот Марк Руте, за време дебатата на лидерската средба на АЛДЕ овој викенд во Цирих, Швајцарија на која во име на ЛДП учествуваше Емил Кирјас.

Фокус на дискусиите на Советот на партијата на Европските либерал-демократи – АЛДЕ, чиј полноправен член е Либерално-демократската партија, беше најдобириот резултат на Европските либерал-демократи во историјата на изборите за Европскиот парламент. Како водечка сила во третата по големина група во Европарламентот “Обнова на Европа”, ќе следи зголемено учество и влијание на АЛДЕ во одлуките кои се носат во Брисел на сите нивоа. Се очекува во текот на оваа недела да се знае кои точно клучни позиции во ЕУ ќе им припаднат на либерал-демократите.

Во рамките на Советот на АЛДЕ, Емил Кирјас оствари повеќе средби на највисоко ниво со цел да се осигура почеток на преговорите до крајот на годината.

Безусловна поддршка на РС Македонија за започнување на преговорите со ЕУ и изразија:

Донеодамнешниот премиер на Словенија а сега министер за надворешни работи Миро Церар, Министерката за социјална политика и лидер на либералите од Луксембург, Корин Каен.

Претседателката на британските Либерал-демократи, Баронесата Сал Бринтон, партијата која на изненадување на сите го освои второто место на европските избори, а моментно води на анкетите во Британија.

На Советот на АЛДЕ Кирјас говореше и со Никола Беер, генерален секретар на германсккте либерали и која се очекува неделава да биде избрана за потпретседател на Европарламентот и со Михаел Линк, поранешн државен секретар во германското МНР и директор на ОБСЕ-ОДИХР, сега пратеник во Бундестагот. Тие искажаа уверување дека на пленарната седница на Бундестагот во септември ќе има мнозинство кое ќе го поддржи предлогот на Европската Комисија за РС Македонија. Во разговорот тој укажа: “Продолжете да работете напорно. Го следиме позитивниот напредок на РС Македонија. Добро е што ЛДП добива позначајна улога во Владата, тоа ќе има влијаните кај нашите пратеници да гласаат позитивно.”

И од Данска која до неодамна се спомнуваше како скептична во однос на преговорите овој пат со позитивни пораки пред самитот во октомври. Додека пак европратеникот од Бугарија Илхан Ќучук информираше во рамките на новиот состав на Европарламентот има зголемена заинтересираност за состојбите во Северна Македонија што може да даде дополнителна можност за забрзување на процесот на евроинтеграција.

Со претседалот на црногорските либерали и пратеник во црногорскиот парламент Андрија Поповиќ беше договорено интензивирање на соработката имајќи предвид дека наскоро двете земји ќе преговараат за членство во ЕУ.

ЦО го прифати преглогот на мандатарот Заев, ЛДП да го води министеството за локална самоуправа

ЦО го прифати преглогот на мандатарот Заев, ЛДП да го води министеството за локална самоуправа Featured

Како претседател на ЛДП сакам да ја информирам јавноста дека синоќа Централниот одбор на ЛДП, донесе одлука да се прифати предлогот на мандатарот Заев, ЛДП да го предводи ресорот локална самоуправа.

ЛДП донесе и одлука за министер во овој ресор да ме предложи мене, како претседател на ЛДП и со тоа да даде тежина на ова значајно за нас министерство.

Истовремено, Централниот одбор му се заблагодари на досегашниот министер од редовите на ЛДП во Владата на РС Македонија, проф. д-р Зоран Шапуриќ за неговиот досегашен успешен ангажман како министер за подобрување на инвестициската клима.

Локалната самоуправа од запоставен министерски ресор, ЛДП има намера да го направи еден од најважните ресори во државата.
Сакаме да има “СИЛНИ ОПШТИНИ, ЗА СИЛНА МАКЕДОНИЈА” каква што беше заложбата на ЛДП уште пред точно 10 години, кога настапивме самостојно на Локалните избори во 2009 година под слоганот: СИЛНИ ОПШТИНИ, СИЛНА МАКЕДОНИЈА.

ЛДП добива огромна задача да ги зголеми ингеренциите и финансиите на локалната самоуправа.

Таа можност ќе ја искористиме заедно со одличниот тим кој ќе го изградиме во самото министерство и со поддршка на премиерот и локалната самоуправа.

Драго ни е дека претседателот на Владата, Зоран Заев ги споделува нашите намери и идеи за засилување на локалната самоуправа.

Ќе успееме ЗАЕДНО: