Close

Либерално Демократска Партија

Category: Новости

Можеме!

Можеме!

Либерално-демократската партија е дел од коалицијата “Можеме” под реден број 3 на гласачкото ливче.

Кандидати за пратеници од ЛДП се:
✅ Моника Зајкова во 1 изборна единица
✅ Зоран Павловски во 2 изборна единица
✅ Боби Мојсоски во 5 изборна единица.

ЛДП е за поддршка на малите бизниси

ЛДП е за поддршка на малите бизниси

ЛДП не сака да ги коментира одлуките на уставниот суд. Солидарноста не се постигнува со одлуки и наредби, туку таа треба да е доброволен чин за сите поединци. Затоа, функционерите од ЛДП донесоа одлука да бидат солидарни и да ја донираат разликата во платата. На овој начин директно се вклучуваме во помошта на малите бизниси погодени од Ковид-19, се со цел да им се помогне на работодавците во овие тешки времиња да ги задржат вработените.

Ова е скромна помош од наша страна, поттик за сите оние кои може да одделат дел од финансиските средства да се вклучат, а со тоа да покажат солидарност. Треба да бидеме сплотени повеќе од било кога во поддршка на бизнис секторот кој е погоден од пандемијата. Со ова испраќаме порака особено до малите бизниси дека ЛДП е со вас и сакаме да ја пребродите кризата што побрзо.

Форумот на жени на ЛДП гласно повикува: Стоп за насилството!!!

Форумот на жени на ЛДП гласно повикува: Стоп за насилството!!!

Форумот на жени на ЛДП гласно повикува: Стоп за насилството!!! Пандемијата со Ковид-19 и домашната самоизолација не смее да биде изговор за толеранција или зголемување на домашното насилство. Да не дозволиме уште една жена да биде жртва на психичка и физичка тортура.
ИТНО и и без одлагање мора ваквото родово базирано насилство најстрого да  се санкционира!!!

☞ Да им помогнеме на жртвите, а не да ги понижиме. Медиумите и граѓаните да го отстранат видеото со насилнички акт од Штип во кој се препознава жртвата.
☞ Да помогнеме навремено да се стопира било какво НАСИЛСТВО кон жената. Граѓаните кои се сведоци или имаат сознанија за било какво насилство да го пријават навремено, додека не биде предоцна.
☞ Да ги поттикнеме институциите да си ја завршат работата, а ние како единки ја подигнеме свеста и воедно ги охрабриме оние кои се жртви на насилство, да пријават, без двоумење.

Глобалната пандемија да ја претвориме во можност да покажеме емпатија, разбирање, толеранција и повеќе љубов еден кон друг, бидејќи на сите ни е потребна поддршка и секој човечки живот е вреден.

  Форумот на жени на ЛДП смета и предлага:
1. Потреба од поголема застапеност на содржини  за превенција и борба против родово базираното насилство, во медиумите.
2. Надлежните институции јасно да демонстрираат нетолеранција на насилство посебно во овој период на пандемија.
3. Превенција, препознавање на насилното однесување во предучилишна возраст и во онлајн материјалите за основното образование.
4. Јакнење на социо – емоционалните вештини кај децата.
5. Задолжителна едукација и работилници за булинг во училиштата.
6. Изработка на материјали со потенцирање на казнените одредби за секоја форма на насилство во семејството или надвор од него.

Зајкова: Очекувам едногласна поддршка за законот за субвенциониран студентски оброк

Зајкова: Очекувам едногласна поддршка за законот за субвенциониран студентски оброк

Почитувани ,

Либерално-демократската младина во 2018-та година до Владата достави разработена иницијатива, која предвидува можност за субвенционирање на здрав оброк на секој студент.

Утре нашата иницијатива во форма на Предлог – Закон ќе биде поднесена до Собранието на Република Северна Македонија, при што очекуваме истиот да биде ставен на дневен ред, а потоа и да добие поддршка од сите пратеници.
Согласно предлог –законот, студентите за значително пониска цена ќе можат да се хранат во рестораните кои што ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк.
Субвенционирани ќе бидат само здравите оброци, а од пакетот ќе бидат исклучени газираните пијалаци и брзата храна.
Право на субвенциониран оброк ќе имаат редовните студенти на додипломски студии на државните и на приватните универзитети, државјани на Република Северна Македонија, кои се регистрирани во системот.
Регистрирањето би се вршело после периодот на запишување на секоја студиска година, преку пријавување на телефонскиот број што го користи студентот и негово внесување во системот.
Субвенционираниот износ во сума од 120 денари дневно, ќе биде на товар на државата и ќе се исплаќа на давателите на услуги кои што услужиле студент, на почеток на тековниот месец за претходниот месец, по изготвена фактура од нивна страна доставена до Министерството за образование и наука.
Оваа можност студентите ќе имаат право да ја користат од понеделник од петок од осум часот наутро до 20 часот навечер. А истата нема да важи за време на зимскиот и летниот распуст, во празнични и во неработни денови.

Студентите се иднината на нашата земја, и заслужуваат да ги имаат истите придобивки како нивните врсници во Европа. Сите студенти имаат право на квалитетен живот.

ЛДП: Битката за човекови права подразбира услови за талентитаните млади да бидат успешни во Македонија

ЛДП: Битката за човекови права подразбира услови за талентитаните млади да бидат успешни во Македонија

Темата на денешниот Меѓународен ден на Човековите Права како да им е посветен на младите од Македонија кои со својата одлучност под слоганот „Нема правда – нема мир“ беа предводници на „Шарената револуција“ која авторитаризмот во нашата земја го замени со отворена демократија и ги врати перспективите за преобразба на државата во модерно европско општество.

„На денешниот ден Либерално-демократската партија потсетува дека борбата под тој слоган не престанува и дека од неа нема откажување! Нема откажување од слободата на говор, слободата на медиумите, транспарентноста, отчетноста и владеењето на правото. Нема откажување од рамноправноста пред законот, нема откажување од неказнивоста, нема откажување од создавањето на еднакви можности за сите, особено за младите луѓе кои сакаат да останат да живеат во Македонија“ истакна претседателот на ЛДП Горан Милевски.

„Како либерални демократи се залагаме за слобода на движење како загарантирано човеково право. Сепак, за држава како Македонија, круцијално е квалификуваните млади луѓе со стекнато искуство во странство да се вратат во Македонија и го искористат своето знаење. Македонија има проблем со ‘одливање на мозоци’, но има уште поголем проблем со наоѓање начини да ја врати дисјаспората. Меѓу причините поради кои младите мигрираат се и образовниот и професионален напредок, кои доколку искористени правилно можат да служат како интелектуален капитал за развој на Македонија. Мора да вложиме уште поголеми напори Македонија да го подобри 129-тото место на ранг-листата на Светскиот економски форум (2017) за компетитивност на земјите, во однос на способноста да ги задржи талентираните луѓе“ е ставот на Андреа Угриновска, претседателка на Советот на човекови права на ЛДП.

Либерално-демократската партија го смета претприемачот као централен дел од економијата. Токму младите луѓе се дигитални претприемачи на кои им требаат услови ослободени од административни стеги за креирање на претприемништва кои ќе одговараат на потребите на пазарот но и ќе се одржливи и корисни за општеството. Оттаму и континуираното залагање и придонес на ЛДП за креирање на поволна клима за поддршка на малите и средни компании кои се главни двигатели на економијата.

„Многу од младите во дијаспората го чекаат правиот момент да се вратат во Македонија. Дома си е дома. Многумина од нив следат будно што се случува во државата, како напредува, на каде се движи – и тоа има клучна улога во одлуката дали ќе се вратат. Македонија ќе има шанса за успех ако успее да врати дел од својата стручна и обучена дијаспора дома“ потенцираше Угиновска.

ЗАЈКОВА: ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ДЕФИНИТИВНО ВО ЕВРОПА

ЗАЈКОВА: ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ДЕФИНИТИВНО ВО ЕВРОПА

Иднината на Западен Балкан е интеграција во ЕУ, заклучија на средбата ЛДП, подмладокот на партијата ЛИДЕМ од Македонија и Нова Странка од Србија.

„На средбата дискутиравме за процесите за влез во ЕУ на двете земји, Македонија и Србија, така што сите земји од Западен Балкан припаѓаат на европското семејство бидејќои негуваат либерални и европски вредности. Патот на Македонија е дефинитивно во Европа затоа очекуваме позитивен исход за нас на самитиот кој следи. Односно нашата земја да добие препорака за отпочнување на пристапни договори за ЕУ и очекуваме ратификација на потоколот за влез на земјата во НАТО“ истакна Моника Зајкова, потпретседателката на ЛДП.

Марко Живковиќ од Нова Странка од Србија истакна дека двете партии заедно работат активно за заеднички цели, тоа е двете земји и Македонија и Србија, да бидат модерни и силни земји на кои местото им е во ЕУ, со почитување на европски вредности и поквалитетен живот на младите во овој регион.

„Србија, како и Македонија со години работи на приклучување на ЕУ, така што неколку години моменталната власт не е заинтересирана за креирање на политики за потребите за влезот во Унијата. Популистите не можат да прават реформи за ЕУ, затоа ние либералите сме тие кои може да го трасираме европскиот пат. ЛДП има поддршка од нас како партија и се надеваме на одлични резултати следните избори“ вели Живковиќ.

ЛДП и Нова странка, ќе потпишат Меморандум за меѓусебна соработка кој ќе ги опфаќа процесите кои следат.

„Оваа средба за нас беше од особено значење, затоа што Нова странка од Србија се наш долгогодишен партнер во остварување на либералните идеи со целосна интерграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ каде што припаѓаме како земји“ Димитар Ванчов, Либерално Демократка Младина – ЛИДЕМ.

Дел од активностите на Андреа Угриновска, Претседателка на Советот за човекови права на ЛДП

Дел од активностите на Андреа Угриновска, Претседателка на Советот за човекови права на ЛДП

Дел од активностите на Андреа Угриновска, Претседателка на Советот за човекови права на ЛДП

Неодамна се вратив од Јужна Африка каде што имав чест да заседавам со Генералното Собрание на IFLRY – International Federation of Liberal Youth Додека она што пред неколку децении се случувало во Јужна Африка со расната сегрегација е можеби неспоредливо со различните сегрегации во Македонија, еден елемент е ист: граѓани на истата држава не се третирани еднакво пред законот. Заради нивниот етнички, расен, сексуален, родов идентитет, работен и национален статус, инвалидитет, социо/економска состојба. Последниот пример во Македонија што упатува на ова е враќањето на амнестиите. Јужна Африка е еден пример каде што можеме да видиме до каде може да стигне расната, религиозната и етничката сегрегација, и какви последици може да има кога сите граѓани не се еднакви пред законот. Ако Јужна Африка може да води успешна борба против тврдокорната расна сегрегација, тогаш и ние може да изградиме Македонија со силна правна рамка, каде што сите ќе се третирани на ист начин.Поразговарав со Luyolo Mphithi – од неодамна избран како член на парламентот на Јужна Африка. #РазмислувајРазлично Либерално Демократска Партија ЛДП

Posted by Andrea Ugrinoska on Thursday, December 5, 2019
Интервју со г-дин Жан-Жак Флао

Интервју со г-дин Жан-Жак Флао

Жан-Жак Флао, од белгиската сестринска партија на ЛДП – влијателното и моќно – Реформистичко движење, од каде доаѓа и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и премиерката Софи Вилемс
Говори за неговите, и на неговите сопартијци потези за добивање на преговори на Македонија со ЕУ, како и за политичката мапа на Европа, по повлекувањето на Меркел и доминацијата на Макрон – од која зависи и проширувањетo.

ЛДП во Кочани: Трибина “Размислувај различно“

ЛДП во Кочани: Трибина “Размислувај различно“

Вчеравечер (04.12.2019), во Кочани се одржа трибина на Либерално-демократската парија, на која како панелисти настапија Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, како и Потпретседателите Јулиана Николова и Зоран Шапуриќ.
На трибината беа отворени неколку теми, од значење за ЛДП, како што е екологијата, образованието, економијата и т.н.
Покрај своите излагања на одредени теми панелистите одговараа и на прашања од присутните граѓани.

Дел од атмосферата во Кочани низ фотографиите кои следат