Close

Либерално Демократска Партија

Category: Новости

Редовно изборно Собрание на ОО на ЛДП Карпош

Редовно изборно Собрание на ОО на ЛДП Карпош

На 21.11.2019 година (четврток), во простоиите на х. “Карпош“, со почеток во 19:00 часот, се оддржа 5-то годишно изборно Собрание на Општинската организација на ЛДП – Карпош.

Присутните делегати, меѓу другото, имаа можност да расправаат по предлог-извештајот за работата на Општинската организација помеѓу двете Собранија, кој потоа беше и едногласно.

Исто така, имаа можност и да ги слушнат плановите на работа на општинската организација во наредниот период.
На седницата на Собранието присутните делагати гласаа и за нов состав на Општинскиот одбор на Општинската организација кој во престојниот четиригодишен мандат ќе ја води Општинската организација и кој во наредниот период ќе брои 17 члена.

Дел од атмосферата на Собранието можете да проследите низ фотографиите во прилог.

СЈАЈОТ против бедата или БИТОЛА против (не)битола

СЈАЈОТ против бедата или БИТОЛА против (не)битола

Сте ние кои живееме овде, а и сите кои заминаа надвор, се горди на родниот град. Кажуваат дека имаат прекрасен Широк Сокак, убав Пелистер, супер Шеталиште, многу клавири, конзулати, гостопримство, дека градот има душа или да се послужам со еден графит кој во еден период беше напишан на Широк Сокак, „Битола е градот“.
Претходниот викенд една манифестација го потврди се она погоре напишано, ама и еден настан не врати во реалноста, не врати во нашето самоуништување, во  образованието, во домашното воспитување,  даде повод да размислување, каде одиме и каде се движиме. Се судрија две Битоли, два концепта, две визии.

Музика од Светот или СЈАЈОТ или БИТОЛА
Три вечери Битола во Центарот за култура  личеше на она што сите сакаме да го видиме. На она што сите сакаме да го почувствуваме, на вистинска метропола. Организацијата на Центарот  одлична, атрактивни гости, Томашевиќ извонредна , Агушеви  и Хели Сиекинен супер, битолскиот Камерен оркестар 5+, Благојче како и секогаш маестрален, публиката фантастична и гладна за врвни музички настани, со една реченица Битола каква што треба да биде и каква што ја личи.

По завршувањето на секоја вечер, се гледаше дека луѓето се задоволни од она што го виделе, дека ќе дојдат и наредната вечер, дека ќе дојдат и догодина. Впечатокот дека поминале прекрасна вечер се гледаше на лицата на сите, беше лесно препознатливо и забележително.
Никој и не сакаше да оди дома, бисот задолжителен, Битола  во полн сјај.

Уништениот парк или бедата или (не)битола
На само неколку стотина метра растојание од Центарот за култура, на штотуку изградениот детски парк, најверојатно во исто време, некој се изживуваше. Не поминаа два дена, а некој почувствува потреба да расипе нешто, да исчкрта, да уништи.
И го добивате чувството дека за некој дно нема, дека дното е само замислено и некој успева и од најдолното да оди уште надолу.

Некој срушил реквизити, испишал клупи и делови од опремата со графити и си го потпишал своето име или прекар. Не знам што добил со тоа, сигурно бил ,,најјак“ меѓу своите другари, бил ѕвезда таа вечер, бил нај ,,мангуп“, можеби и берел ,,поени“. А паркот, се уште не е официјално пуштен, а во близина стои и табла дека има видео надзор.
Можеби и сето ова е поправливо, ама бедата која се практикува е непоправлива и нема лесно да се поправи. Затаиле тука и домашните, и наставниците, и целото општество кое успеало да израсне луѓе кои ова можат да го направат.
Секакви зборови на револт се изначитав овие денови за овој случај, а кој и да го употребите нема да згрешите, дури и неколку заедно.

Беда, Срамота, Дно, Ужас, Бљак, Идиотизам, Несовест, Криминал.
Првата Битола треба да е нашиот предизвик, тоа треба да е целта кон која ќе се стремиме. Сјајна, убава, расположена, весела.
Втората бедна, жална, грда, самоуништувачка, депримирачка.
Неа треба да ја поразиме!

Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола

М-р Ивица Тодоровски, директор на УХМР, на Конференција на национални хидрометеоролошки служби.

М-р Ивица Тодоровски, директор на УХМР, на Конференција на национални хидрометеоролошки служби.

М-р Ивица Тодоровски, директор на Управата за Хидрометеоролошки работи на Република Северна Македонија, како досегашен Претседател на КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРИ НА НАЦИОНАЛНИ ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ СЛУЖБИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (ICSEED-18), со поздравен говор го отвори состанокот, ги информираше присутните за активностите на УХМР во измината година.
Потоа, Претседателството со Конференција го предаде на Директорот на Израелската Метеоролошка служба, г-дин Нир Став.
Покрај излагањето на Директорите за напредокот на своите национални Хидрометеоролошки служби една од темите на конференцијата беше размена на хидролошки и метеоролошки податоци, информации, предвидувања и предупредувања во рамките на ВТОРАТА ФАЗА НА ПРОЕКТОТ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА РАНА НАЈАВА НА НЕПОГОДИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (SEE-MHEWS-A).
.
https://public.wmo.int/…/data-exchange-improves-early-warni…

Ние сме ветерницата што ги движи работите напред, либерално кон Европа

Ние сме ветерницата што ги движи работите напред, либерално кон Европа

ЛДП од трибината во Центар:

Позитивни промени во општеството и исполнувања на сите поглавја на ЕУ за нашата земја беа
главните теми за кои се дискутираа пред членовите на втората граѓанска трибина на ЛДП,
„Размислувај различно, либерално кон Европа“ во Даре Џамбаз во Скопје.
На трибината на сите учесници добредојде им посака Андреј Јосифовски, претседателот на
општинската организација на ЛДП од Центар како и специјалниот гостин од Словенија, Роман
Јакиќ, политичар и претседател на LIВSEEN којшто на сите им порача дека Македонија не е
сама во Европа.
„Во Европа не сте сами, не е Европа само Франција, туку Европа се 28 самостојни и суверени
држави која одлучуваат сами, но сепак под чадорот на ЕУ. Морам да ви кажам дека, лично јас,
како словенечки политичар заедно со моите колеги од останатите 27 држави, бевме шокирани
кога чувме дека Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ“ вели политичарот
Јакиќ.
„Иновативна Европа, хакатон за безбедноста“ е конференцијата која се организира во
Македонија за аспирациите на земјата во НАТО под палка на др. Рajнер Адам директор на
Фондација Фридрих Науман за ЈИЕ кој на трибината рече:
„Ние како Либерална партија многу силно го подржуваме членството на Северна Македонија
во ЕУ и НАТО, токму тоа го имаме документирано во нашите одлуки во партијата. Можеме да
кажеме дека не сме многу среќни што вашата земја имаше француско вето и со тоа беше
одбиена за преговорите со ЕУ“.
Да не гледаме црно и бело поточно само лево или десно, потребна е шареноликост во
политиката, да се обидат за младите кои ќе останат во земјата сите да им се даде еднаква
шанса порача потпретседателката на партијата, Моника Зајкова.
„Кога имаме време кога треба да се случуваат промени, едните дигаат ѕидови други градат
ветерници, ЛДП е онаа која ќе ги гради ветерниците на различни размислувања. Треба да
престанеме со голиот популизам и лажните ветувања, на пример ќе ги вратиме младите, ќе
направиме ветинг, туку сите да изградиме една држава која размислува различно и која што
нуди еднакви права за сите но и правичност за сите пред законот“ потенцираше Зајкова.
Емил Кирјас, потпретседател на Либералната Интернационална, пред присутните повтори дека
било шокантно за сите политичари дека Франција во последен момент го променила ставот за
да даде зелено светло за Македонија во ЕУ. Тој потенцираше дека треба сите заедно да сме
сплотени и заедно да градиме подобро општесто.
„Верувам и убеден сум дека имаме капацитет и сакам да ве охрабрам да не се откажувате туку
секоја пречка што ќе застане пред вас како личности и пред нас, како партија и како држава да
ја гледаме како предност која што ќе ни овозможи да бидеме посилни и помоќни, мали сме
ама сплотени можеме. Во Европа ќе не сакаат ако влеземе со сопствен став. ЛДП има сопствен
став, да не се срамиме и да размислуваме да го кажеме гласно“ нагласи Кирјас.
Претседателот на партијата, Горан Милевски, рече дека ЛДП се залага за подобра иднина на
граѓаните како и до сега, покрај многубројните проблеми со кои се соочуваме сите во
моментот еден од најактуелните и значајни проблемие е решавање на проблемот со
загадувањето. Според него најважно е да го најдеме и спречиме причинителот за загадување
на воздухот во Скопје и целата држава.
„Не може 30 години наназад сите да се чудиме од каде е изворот на загадување на Скопје,
сите да се жалиме дека во Скопје не се дише, а никој не презема мерки тоа да се промени.
Една од нашите заложби е да се детекриаат проблемите, државата да оддели средства, да
помогне во поддршката на луѓето кои живеат во урбаните средини за поквалитетен живот“
истакна претседателот Милевски.
Во следниот период Либерално-демократска партија низ Македонија ќе организира трибини
на кои пред своите членови ќе ги потенцира своите либерални вредности и ќе ги натера
граѓаните да размислуваат различно и да ги споделат своите ставови.

ЛДП од Штип стартуваше со трибините „Размислувај различно”

ЛДП од Штип стартуваше со трибините „Размислувај различно”

Либералано-демократската партија вчеравечер од Штип ги почна трибините „Размислувај различно” на кои со граѓаните и членството се разговара и се презентираа различните ставови и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.
Претседателот на ЛДП, Горан Милевски истакна дека тие се трета опција во земјава и имаат принципелни ставови.
“…Целта ни е да ги презентираме нашите ставови од економијата, на пример ние бевме против прогресивниот данок, сега се виде дека сите останати се вратија на рамниот данок, како политика којашто ја задржавме од 1998 година, се боревме за неа и имавме принципелни ставови. Ние се бориме за малите бизниси, за приватниот капитал, претприемачите, а не за крупниот капитал, за него во светот се борат демохристијаните, социјадемократите се борат за социјалните, работничките права…“
Тој исто така истакна дека на трибините ќе опфатат и многу табу теми за државата, какошто се легализацијата на марихуаната, превработеноста во јавната админситрација, ограничување на бројот во администрацијата и насочување на парите кон приватниот сектор.
“…Значи се она што големите не сакаат да го истакнат, бидејќи се плашат да не го разочараат гласачкото тело. Ние сме тука да предочиме без популизам, реално да ги согледаме сите аспекти на животната средина, мерките коишто треба да се преземат…“, рече Милевски.
Претседателот на ЛДП порача дека тие како партија се залагаат за една изборна единица.
“…Тоа е реално, тука е и нашата пратеничка, којашто е дел од потпишаните 16 пратеници, коишто достваија предлог до Собранието. Сега на ред се пратениците да се изјаснат дали се за, ја поддржуваат оваа иницијатива, а за тоа треба само 61 пратеник. Мислам по моите математики дека 64 или 65 пратеници се спремни да го дадат гласот за една изборна единица…“
Забележа дека по ова прашање партиите треба да имаат консензус, затоа што како што рече, утре ако на власт дојде друга политичка опција може да направи друг модел без да ги консултира останатите партии.
“…Затоа сме за консензус, меѓутоа доколку тој консензус е на штета на демократијата и на демокртаскиот развој треба еднаш да се пресечи и да се ослободи Македонија од влијанието на лидерот во партијата, којшто потоа се рефлектира и на државно ниво и велиме дека има заробена држава, односно тоа е токму поаѓа од големата моќ, којашто ја има лидерот, којашто би се нарушила, ако особено има отворени листи на изборите. Доколку нема простор за една изборна единица, ние се залагаме да се задржат постојните шест изборни единици, но да има отворени листи…“, рече Милевски.
Смета дека на овој начин самите граѓани од градовите и од изборните единици ќе ги формираат листите, а не лидерот на партијата. На овој начин ќе се види и кој ја има поддршката за да се најде на листите. Милевски којшто е и актуелен министер за локална самоуправа на новинарско прашање за објавените огласи од страна на државни институции, министерства, општини и агенции вели дека во одредени институции поради заминување на вработени во пензија или странство не можат да функционираат, а во други пак институции има превработеност.
-Затоа треба да се направи еден пресек и анализа каде имаме превработеност, а каде има недостаток на кадри, па можеме да направиме прераспределба, на нас не ни е важно дали ќе има оглас или ќе преземеме од друга институција. Секој да биде функционален на местото, каде што работи. Општините мислиме дека треба да се ограничи бројот, секоја општина да се знае колку може да вработува, па ако некој оди во пензија или замине по било која основа од работа неговото место да се пополни со друг, рече Милевски.
Тој очекува од буџетот за 2020 година да бидат распределени 450 милиони денари за проекти кон општините, односно осумте плански региони  преку Програмата за рамномерен регионален развој. Се надева дека општините ќе го следат примерот на Штип, којашто со средства од оваа програма, но и со сопствени средства гради детска градинка, а не да се насочат кон помали проекти или кон купување на нови автомобили и вработувања.

извор: fokus.mk

Одбележување на 11-ти Ноември – денот на ослободувањето на Куманово

Одбележување на 11-ти Ноември – денот на ослободувањето на Куманово

По повод одбележувањето на 11-ти Ноември – денот кога пред 75 години Куманово беше ослободено од фашистичкиот окупатор, на 11.11.2019 год. со почеток во 11 часот делегација на ОО на ЛДП – Куманово, составена од новоизбраниот претседател Бобан Бојковски и членовите на Општинскиот одбор, Светислав Јовановски, Весна Глигоријевска и Драган Јаневиќ, во присуство на други бројни делегации, положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата на загинатите борци од НОБ во Куманово,

Собрание на ОО на ЛДП Петровец. М-р Горан Јакимовски реизбран за Претседател на општинската организација.

Собрание на ОО на ЛДП Петровец. М-р Горан Јакимовски реизбран за Претседател на општинската организација.

Во неделата, 10.11.2019 год., се одржа редовното изборно Собрание на Општинската организација на Либерално-демократската партија од Петровец.
Во присуство на значителен број на делегати беше усвоен извештајот за работата на ОО во изминатиот период, како и планот на активности за периодот кој следи.
Меѓу другото, од страна на присутните делегати беа избрани новите состави на Општинскиот одбор и Надзорниот одбор на Општинската организација.
За Претседател на Општинската организација на ЛДП Петровец е реизбран Горан Јакимовски, м-р по земјоделски науки.

4-ТИ НОЕМВРИ – И за лицемерието до бескрај и назад

4-ТИ НОЕМВРИ – И за лицемерието до бескрај и назад

Бидна уште еден 4-ти Ноември, Битола е постара за една година, ама се уште е убава, се уште одушевува со својот сјај, со својата гостопримливост, со својата жилавост да биди место во кое секој кој дошол сака да се врати, да помине уште еден ден во неа.
Неколку изложби, спортски натпревари во куглање и шах, промоции на книги, свечена седница на Советот на која беа доделени наградите на најуспешните, за првпат доделени признанија за млади ученици и прекрасниот вокал на Зарина Првасевда и фантастичниот кларинет на Благојче Трајковски, беа работите кои за повеќемина го одбележаа празникот, 75 години од ослободувањето на Битола од фашистите.
ДЕМОКРАТИЈА ! И тука е големата разлика помеѓу режимот и оваа власт.
Она што би сакал во оваа прилика да го искоментирам и темата за која сакам да пишувам е еден транспарент (Каков воздух дишете лицемери), кој го прочитав при влегувањето во театарот. Група на граѓани, поддржани од дваесетина активисти на опозицијата, решија своето незадоволство од состојбата со воздухот во Битола, кој е загаден и претставува огромен проблем, да го искаже со неколку транспаренти и свиркања на луѓето кои влегуваа во салата.
За да не бидам погрешно разбран, апсолутно поддржувам секаков протест, во секое време и на секое место за каква било причина. Една од причините, за мене основна, поради која се боревме и сакавме да го смениме режимот е токму тоа. ДЕМОКРАТИЈА ! И тука е големата разлика помеѓу режимот и оваа власт. Десет години требаше во време на претходната власт да се организира некаков протест против власта, а токму тука е разликата помеѓу едните и другите.
На дечките кои го носеа транспарентот, кои повторувам, имаат апсолутно право да го прават тоа, некој требаше да им ги објасни следните факти.
После првата прес-конференција на една политичка партија на темата загаден воздух, а тоа беше на советник од ЛДП во градскиот совет, а сега претседател на партијата, поминааа три години за тогашната власт да признае дека воздухот е загаден. Повторувам, три години само за признавање. Во време на модерна технологија ова лесно се проверува.
Секојдневни беа прес-конференциите на кои не тераа ако воздухот не ни чини да дуваме во маглата, да не шириме паника меѓу населението, дека не постојат докази за поврзаноста на загадениот воздух со подмолната болест, а врв на се беше изјавата на претходниот градоначалник дека се е тоа божја волја и дека тие не можат на тоа да се спротивстават.
За 12 години, само во последната година и никогаш порано дадоа шест милиони денари за субвенционирање на печки на пелети. И ништо друго, освен среднорочни и долгорочни планови, многу потрошена хартија, се формираа тела што не донесоа никаква одлука, а јавноста се убедуваше дека нема ништо страшно. Ќе заборавев да напишам и дека Обиколницата беше 11 месеци затворена и сите транспортни автомобили, камиони, автобуси, комбиња поминуваа низ центарот на градот.
Лицемерие до бескрај и назад.
За разлика од тоа време, оваа власт признава дека воздухот е смртоносно загаден. Оваа локална власт за две години, субвенционираше велосипеди, печки на пелети, клима уреди во вредност од 5,5 милиони денари а до крајот на годината уште 2,5 милиони денари. За две години повеќе од нивните дванаесет години.
Оваа власт ќе вложи уште 2,5 милиони евра за инвертери за Битола. 2.500 семејства ќе имаат можност да го сменат системот на греење. Оваа локална власт ќе набави и четири еколошки автобуси и четири еко комбиња кои ќе ги вклучи во градскиот превоз. Одвоени се и 20 милиони евра за филтри за РЕК, ама не разбирам како можат да бидат пресреќни луѓето кои се ,,грижат“ за воздухот, ама ги радува тоа што тендерот пропаднал. Лицемерие до бескрај и назад. А би требало да се загрижени. Добро е да спомнам дека главната цевка на Гасоводот е пред Битола, а наредната зима, а зошто не и за 4-ти Ноември, најверојатно ќе бидат гасифицирани првите објекти во Битола.
За крај, една порака до младите загрижени дечки. Дечки, добра Ви беше пораката, ама требаше да биди стотина метри подолу, кај лицемерите кои Ви го напишаа транспарентот, таму ќе ги добиевте вистинските одговори.
П.С. Никогаш не сум ги сакал поделбите. Предавници и патриоти, Црни и бели, Муслимани и православни, Ниски и високи, Богати и сиромашни. Последниот обид на едно политичко здружение на граѓани, ден или два пред празникот, да не дели на битолчани и останати, се надевам е само несреќен, лошо смислен, малограѓански обид кој брзо ќе биде поправен.
Сепак сите сме само граѓани, со големо Г.

Пишува: Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола

ЛДП од Ѓорче Петров: Брзи и темелни реформи, расчистување со криминалот од поранешните и актуелните функционери независно од одлуката на ЕУ

ЛДП од Ѓорче Петров: Брзи и темелни реформи, расчистување со криминалот од поранешните и актуелните функционери независно од одлуката на ЕУ

Потребна ни е сигурна, правична и европска држава во која граѓаните ќе веруваат дека сите заедно функционираме и креираме транспарентни политики, во духот на либералната демократија. Потребно е Македонија засилено да продолжи со реформите во судството и заживување на економијата, истакна Горан Милевски, претседател на Либерално демократската партија, на средбата со членовите во Ѓорче Петров.

ЛДП бара брзи и темелни реформи во правосудството, расчистување со криминалот од минатото и од актуелните функционери независно од одлуката на Европската унија да се одложи добивањето датум за преговори.

Слободата, еднаквоста и правдата се принципите на кои е изградена Европа, токму ова се и принципите за кои се залага Либерално демократската партија.

Само преку почитување на основните европски вредности може да чекориме и кон Европа. Во нашата држава речиси три децении се размислува само лево или десно, кон едната или кон другата опција. Време е за различно размислување, либерално кон Европа. ЛДП не разочарува, ЛДП испорачува.

Валентин Груевски: Наследството!

Валентин Груевски: Наследството!

Кога во октомври 2017 година,  официјално ја презедовме власта во Општина Битола, никој од нас, кои дoбивме некакви функции во новата власт, никој во партиите кои ги добија изборите, а мислам и голем дел  и од оние што работеа во Општина Битола, не очекуваа, односно да употребам малку поинаков речник, ни на крај памет не им доаѓаше, дека состојбите кои ќе ги најдеме ќе бидат толку лоши, катастрофални, несредени и на граница да престанат да постојат.

Ќе започнам со она што беше и се уште е актуелно, но за среќа, се гледа крајот и светлото во тунелот.

Битолското образование беше на колена. Училиштата беа со блокирани жиро сметки, огромни долгови , немаа можност да купат ниту една креда, ниту сунѓер, ниту тоалетна хартија. Милиони евра се должеа кон сите и за се, се должеше кон превозниците, се должеше кон јавните претпријатија, кон добавувачите за нафта, кон ЕВН. Се ,,функционираше“, ама ништо не се плаќаше. Тоа беше начинот на работа, тоа беше начинот на размислување, тоа беше системот кој се воспоставуваше.

Училиштето во Бистрица должеше 600.000 евра, Стопанcко 250.000 евра, Медицинскo 300.000 евра, десетина училишта имаа блокирани жиро сметки,  тоалетите беа испокршени, без врати, личеа на се, само не нa згради во кои треба да се одвива образовен процес.

Превоз најскап во Македонија,

Обиколницата беше затворена 13 месеци, сите големи камиони влегуваа во градот, патиштата се оштетуваа, воздухот дополнително се загадуваше, сообраќајот беше понебезбеден.

Ѓубрето на истата беше ,,заштитен знак“ на градот. Не се мрдаше  со прст за да се реши проблемот.

Патот до најголемиот енергетски комбинат во ужасна состојба, патот до Братиндол исто така, од Бистрица до граница дупка до дупка, а Битола- Демир Хисар коцка стара 50- на година. Битола -Могила дел дупки, дел коцка.  До граничен премин Меџитлија многу лошо, а до Прилеп никој и не размислуваше дека треба  да се гради.

Касарната оставена само со кредит за плаќање, без улици, без асфалт, се започнато ама ништо недозавршено. Парите од комуналии собрани ама и потрошени.

„Пелистер“ последен на табелата,

Кога прв пат влегов на градскиот стадион, „Пелистер“ беше последен на табелата со пет играчи и двајца голмани, еден од чкембарите ме праша по битолски: Шо прајме? Кога му одговорив дека ќе се снајдуваме и нема да се предадеме, ме праша- Дали сум свесен, дали знам дека тука нема играчи за мал фудбал, а камоли за голем.

Во салата беше исто. Ракометарите штрајкуваа, немаше плата, дел од нив веќе слободни и размислуваа за нови клубови. Кошарката убедливо последни, со само една победа после десет одиграни кола.

На стадионот имаше само темели, ниту еден столб, ниту еден ред од трибините, Договорот од 5,5 милиони евра потпишан, со многу обврски, ама  платено ништо. Соблекувалните на Ќумурното игралиште искршени, помошното буквално испустено, ѓубре насекаде.

Офицерски на продажба,

Офицерски дом, еден од најубавите делови на Битола, запустен, искршен, искраден, со претходно изразена желба да се продава, како да е нечија лична оставина, а не ако не најубава, тогаш сигурно една од трите најубави градски згради.

Имаше и  договор донесен пред потпишување со кој се сакаше градското осветлување да му биди дадено на некоја данско-шведска компанија, и обврска која требаше ние да ја плаќаме во износ  од десетина милиони евра во наредните 20-на години.

Немаше и полигон за полагање возачки испити. Децата патуваа во Прилеп и Ресен и не убедуваа дека тоа е и добро ( и ден денес не знам зошто).

Ова се само дел од работите кои ги ,,наследивме“ од нашите претходници.

Денес не можам да се изначудам како наследниците на Талески во битолскиот совет, сакаат да зборуваат за образованието, за спортот, за воздухот, за полигонот, за патиштата,  а понекогаш и за Офицерски. Тоа се теми, кои од политички аспект  гледано и треба  да ги одбегнуваат, со цел некои идни генерации да им заборават за ,,злосторот“, кој го нанесоа на Битола. Не само што зборуваат , туку и се убедени дека со една изјава ќе се исперат од целото ,,лошо“ кое го донесоа и го оставија во градот.

Јас сум свесен дека ние не сме перфектни, дека се функционира како што треба и под конец, се е беспрекорно. Не е така, има слабости, има спорост во одредени постапки, ама се бараат решенија во интерес на сите,  а не во интерес на поединци.

Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола