Close

Либерално Демократска Партија

Category: Uncategorized

Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП, на Конференцијата “No Democracy Without accountability” во Брисел

Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП, на Конференцијата “No Democracy Without accountability” во Брисел

Во периодот од 16 до 19 Септември 2019 год., членот на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија, г-динот Дејанчо Цветановски, оствари работна посета на Брисел, Белгија.

Во рамките на посетата присуствуваше на Регионалната Академија на Експерти, организирана од страна на ЕНОП-Европската мрежа на политички фондации (ENOP-European Network of Political Foundations), Регионалната канцеларија за ЈИЕ на НДИ-Национален Демократски Институт (NDI-National Democratic Institute) и ЕЛФ-Европски Либерален Форум (European Liberal Forum) на која се разгледуваа идни можности за зајакнување на интегритетот на политичките партии, вклучително и на Либерално-демократската партија.

На маргините на академијата, беа остварени средби со претставници на ЕНОП, НДИ и ЕЛФ на кои беа договорени конкретни чекори за нивна идна соработка со ЛДП

На 17.09.2019 god., г-динот Цветановски присуствуваше на конференцијата “No Democracy Without accountability” организирана по повод одбележувањето на меѓународниот ден на демократијата, која се одржа во Европскиот Комитет на Региони при Европската унија (European Committee of the Regions).

Iсто така, од страна на г-дин Цветановски, беше остварена посета и на седиштето на АЛДЕ-Алијансата на Либерали и Демократи за Европа (ALDE – Alliance of Liberals and Democrats for Europa) каде оствари средба со г-динот Ендрју Бургес (Andrew Burgess), политички советник на Претседателот на АЛДЕ, г-динот Ханс Ван Бален (Hans Van Baalen).

На средбата, меѓу другото, беше разговарано за големиот успех кој АЛДЕ го оствари на неодамнешните Европски избори, кога речиси двојно го зголеми бројот на пратеници во Европскиот парламент. Притоа, од страна на г-динот Цветановски, беа пренесени честитки за остварениот изборен резултат од Претседателот на ЛДП, г-динот Горан Милевски.

Исто така, беше разговарано за продолжување и продлабочување на успешната соработка помеѓу ЛДП и АЛДЕ, како и за претстојниот Конгрес на АЛДЕ закажан за крајот на Октомври оваа година, во Атина, Република Грција, на кој ЛДП ќе присуствува со своја делегација.

На средбата пак што ја имаше со Балинт Геваи(Bàlint GYEVAI) – Генерален Секретар на Лајмек- младите европски либерали (LYMEC – European Liberal Youth), г-динот Цветановски се запозна со подготовките за нивниот следен Конгрес кој ќе се одржи наредната пролет во Скопје , каде како коорганизатор и домаќин ќе биде Либерално-демократската младина ЛиДеМ.