Игор Вељаноски
Роден е на 13.07.1979 година во Скопје.
Дипломирал на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет, на Универзитетот Св. “ Кирил и Методиј “ , а магистрирал на Правниот факултет на Универзитетот Св. “ Кирил и Методиј “ и се стекнал со назив : Магистер по право од областа – деловно право.
Покрај мајчиниот јазик, активно го користи англискиот јазик и јазиците од поранешна Југославија.
Има одлично познавање на најчесто користените компјутерски програми.
Работно искуство:
Август 2022 год. – Член на Инспекциски совет;
Јуни 2018 – Август 2022 год. – Оперативен директор во ЈП “ Паркови и зеленило “ – Скопје;
Јануари 2015 – Јуни 2018 год. – Раководител на малопродажба во приватна компанија;
Април 2001 – Август 2014 год. – Раководител на големопродажба во приватна компанија.
Дополнително искуство :
Април 2013 – Октомври 2017 год. – Член на Совет на општина Кисела Вода;
Март 2016 – Мај 2016 год. – Надворешен советник во кабинетот на министерот во Министерството за труд и социјална политика, во Сектор за социјална заштита;
Октомври 2017 – Ноември 2021 год. – Член на Совет на град Скопје.