Јелена Мишиќ

Дипломиран правник со богато професионално искуство во областите на проектен менаџмент, канцелариска администрација и ефективна комуникација.
Таа моментално е координатор на проекти во Либералниот институт Скопје, каде што управува со проектни активности и спроведува мониторинг и евалуација на проекти. Порано работела како службеник за комуникација и видливост во Министерството за локална самоуправа и како асистент во пратеничка група во Собранието на Република Северна Македонија, каде што се занимавала со подготовка на амандмани, предлог-закони и административна поддршка за пратениците.
Активно зборува 3 јазици и е носител на бројни сертификати за учество на програми и настани, меѓу кои и ACYPL програмата во Америка.