Проф. Д-р Сретен Миладиноски

e-mail:
sreten.miladinoski@gmail.com

Биографски податоци, образование, работно искуство и научно-истражувачка дејност

Д-р Сретен Миладиноски е роден на 01.07.1981 година во Скопје. Основно образование завршил во Кичево. Средно образование започнал во Кичево и по завршувањето на втората година образованието го продолжува во Academy of Richmond County, Augusta, Georgija, САД, каде и го завршува средното образование.
Во 2002 година дипломирал на American College of Thessaloniki, Greece, Дипломиран менаџер во областа на деловната администрација со концентрација на менаџмент како редовен студент и истата година дипломирал на Универзитет „Св. Климент Охридски”, Факултет за туризам и угостителство Охрид, Р. Македонија, отсек царина и шпедиција, дипломиран менаџер по царина и шпедиција, како вонреден студент.
Магистирал во 2003 на ESCEM School of Business and Management, French Republic, каде се стекнал со звање Магистер по деловна администрација во делот на европскиот менаџмент.
Докторирал во 2005 на International Personnel Academy, Kiev Ukraine, и се стекнат со титулата Доктор на економски науки.
По дипломирањето се вработил на Факултетот за општествени науки Скопје (ФОН) како помлад асистент. Во 2004 година е избран за асистент по предметот Банкарски маркетинг на Економскиот факултет при Европскиот Универзитет. Во 2006 година кариерата ја продолжува на Факултетот за туризам во Скопје каде е избран за доцент по група предмети од областа на економијата. Во 2007 е избран за Продекан за меѓународна соработка, а во 2009 е избран за вонреден професор и Декан на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент при Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, а во 2010 год. се вработува на МИТ Универзитетот како вонреден професор од областа на економијата каде и го води Проректорското работно место за меѓународна соработка. Во 2014 год. е избран за редовен професор од областа на економијата.
Во 2016 е избран за Декан на правниот факултет на МИТ Универзитетот во Скопје.
Д-р Сретен Миладиноски од 2005 до 2015 е визитинг професор на Универзитетот „Pjeter Budi“ во Приштина, како и универзитетот Hadzi Zeka во Пеќ од 2014 до 2019 год.
Од 2005 до 2006 е член на УО на МПИ Жито Караорман, а од 2006 до 2010 е претседател на бордот на директори во истата компанија. Во 2012 повторно е избран за член на борд на компанијата. Во 2013 е назначен за генерален извршен директор, каде до 2017 год. ја обавува таа функција.
Во 2024 е избран за директор на агенција за пошти на РСМ

Посетувал курсеви, обуки и семинари и остварил студиски престои на повеќе универзитети во Светот.
Учествувал на повеќе конференции во земјата и во странство, како и во изработката на бизнис планови за голем број успешни компании во Р. Македонија.
Во 2023 е избран за член на одборот за акредитација во Р. Бугарија, каде и беше еден од петте членови за акредитиранње на Универзитетот за телекомуникации и пошти во Софија.
Бил модератор на неколку меѓународни конференции.
Ментор на многубројни дипломски и магистарски одбрани, како и на неколку докторски десертации.
Автор или коавтор е на над 90 научни и стручни трудови од областа на економијата, како и на 22 книги и учебници.